Усеин Болт ја заврши својата кариера во атлетиката, но најбрзиот човек на планетата наскоро би можел да го има своето фудбалско деби. Тој е голем фан на Манчестер јунајтед, па се наоѓа во комбинација веќе на 2 септември да го облече дресот на „црвените ѓаволи“ за дуелот со Барселона. Поточно, станува збор за пресметка меѓу тимовите на легенди на двата европски гиганти, при што Болт за соиграчи во јунајтед би ги имал Рајан Гигс и Пол Сколс, додека Барса на спротивната страна ќе биде предводена од Роналдињо.
Единствен проблем е повредата што атлетичарот од Јамајка ја заработи при својата последна атлетска трка во кариерата. Стнаува збор за повреда на мускулот, па сега Болт се наоѓа во трка со времето за да биде „фит“ навреме за да може да настапи на „Олд трафорд“.
„Да игра фудбал за Манчестер јунајтед барем на еден натпревар е негов сон со години наназад. Сега е очаен да ја надмине повредата и да игра во септември“ – истакна близок пријател на спринтерот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА