Најбрзиот човек во историјата, Јусеин Болт откри дека размислувал да се врати на атлетските патеки на Летните олимписки игри во Токио. Тој призна дека размислувал да се врати на патеката и тоа на ЛОИ во Токио, но дека не добил поддршка од тренерот Глен Милс.
„Сега е доцна за враќање. Кога му кажав на мојот тренер дека сакам да се пензионирам тој ми кажа дека тоа мора да биде тоа, дека не сака подоцна да се вратам. Се сеќавам дека во 2019 год прашав што мисли околу тоа да се натпреварувам на ЛОИ во Токио тој само ме погледна и ми кажа дека не треба да размислувам на тоа“, изјави Болт.
Болт кариерата ја заврши во 2017 година како осмократен олимписки шампион и светски рекордер на трките на 100 и 200 метри.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА