Болт уште не почал да игра фудбал, а мора на допинг тест

Светската спринтерска ѕвезда, Јусеин Болт одигра само неколку, и тоа неофицијални натпревари, а мора на допинг конрола. Јамајканецот јавно реагираше на вакото барање на анти-допинг комисијата потенцирајќи дека уште не е ниту професионалец.

„Се повлеков од атлетиката и пробувам да станам фудбалер и видете што ми се случи. Како мислите да одам на тест за дроги кога не сум ниту професионален фудбалер. Сериозно прашувам “ – напиша Болт на Инстаграм.

Сепак, од анти-допинг комисијата велат дека барањето за тестирање е сосема легитимно и оти секој кој е инволвиран во „спортски натпреварување“ може да биде тестиран.

Болт доби шанса во австралискиот Централ Коуст Мариенрс, тренира со клубот, но нема договор. одигра два контролни натпревари и ги постигна првите голови. Голема желба на спринтерот е да настапува за Манчестер Јунајтед.

Се вчитува...