Усаин Болт во август годинава официјално стави крај на атлетската кариера. Светскиот рекордер заврши со бронза на 100 метри, а потоа се повреди во финалето на штафетата на Јамајка 4х100 метри, но беше испратен во легендите со аплауз од 60.000 публика.Спринетрот од Јамајка по завршниот настап во Лондон, прво се рехабилитираше од повредата, а потоа се препушти на уживање во „пензионерските“ денови. Освојувачот на осум златни медали од олимпијадите знае како да се забавува и тоа често го споделува со својата публика преку социјалните мрежи. Болт снима реклами и ужива во манекенско-танчерски улоги. А, кога не е пред камерите, времето знае ефектно да го искористи за уживање во спортовите на вода.Светскиот рекордер на 100 и на 200 метри на својот Фејсбук профил објави две фотографии во опуштено издание на неговиот глисер, проследени со кус текст „Зима на Јамајка“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА