Болт започнува фудбалска кариера – Закажана проба во март

Најбрзиот човек на светот Усаин Болт, кој ја заврши атлетската кариера, на 31 година конечно ќе си ја проба среќата во фудбалскиот свет. Тој во март ќе замине на проба во Борусија Дортмунд. Светскиот рекордер на 100 метри и 200 метри ќе се обиде да докаже што знае со фудбалската топка, па доколку се биде в ред и ги задоволи вкусовите, ќе потпише професионален договор со „милионерите“.

Познато е дека сонот на Болт е да заигра фудбал, неколку пати истакна дека најголема желба му е да заигра на „Олд трафорд“ носејќи го дресот на Манчестер јунајтед. Но, знаејќи дека Болт и Дортмунд соработуваат со спортскиот бренд „Пума“, се шпекулира дека токму поради оваа поврзаност познатата компанија ќе  има своја улога во остварувањето на овој договор.

„Во март ќе одам на проба, па доколку се биде в ред, ќе знам во кој правец ќе оди мојата кариера. Ако ми кажат дека сум добaр и дека ми треба малку тренинг, тогаш ќе одам до крај со оваа идеја. Кога ќе се потсетам дека навистина ќе одам на проба во фудбалски клуб, ме фаќа трема“, истакна Болт.

Се вчитува...