Фудбалскиот клуб Болтон ќе има на располагање уште четиринаесет дена да пронајде купувач или да докаже да има доволно средства да ја заврши сезоната. Доколку тоа не успее да го направи клубот ќе биде исфрлен од Англиската фудбалска лига.
Админастрицијата во ФА објави дека клубот кој постои веќе 145 години не е во позиција да продолжи со работата. Од клубот објавија дека договорот со потенцијалниот нов сопственик пропаднал во саботата, а и покрај напорите да се пронајде решение до него се уште не е дојдено.
Крајниот рок кој му е поставен на Болтон е 12. септември.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА