Интер Мајами по убедливиот пораз од ПСЖ (0-4) го заврши настапот на Светското клупско првенство. Веднаш по таа елиминација на американскиот тим, се огласија медиумите кои тврдат дека Меси сака да ја напушти САД и Интер Мајами.
„Меси е желен за многу поквалитетна лига и подобар фудбал, посебно во очекување на Светското првенство следната година. Аргентина ќе биде таа што ќе ја брани титулата светски шампион, а Меси станува слободен агент во јануари, и тогаш треба да го бара својот нов клуб. Меси бара клуб и лига што можат да му понудат повеќе натпревари за да биде подготвен за Светското првенство што е можно подобро“ – пренесуваат американските медиуми.
Се тврди дека преговорите меѓу Лео Меси и Интер Мајами околу нов договор се во мирување, сето тоа поради моменталната ситуација.
Наводно, дури девет клуба се во игра, со сериозни понуди до Меси. Сепак, постои само еден голем фаворит, а тоа е тимот на Барселона која веќе почнала и директни контакти. Не треба да се нагласува дека е огромна желбата и на Меси даа се врати во Барселона. На второто место е тимот на Њу Олд Бојс. Тука е и Баерн, но и уште еден негов поранешен клуб, ПСЖ.
Покрај овие клубови, новинарите го споменуваат и интересот на Ал Наср, Ал Хилал, Манчестер Сити, Челси и Арсенал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

