Во таборот на Црвена звезда веќе се размислува за замена за Кореецот Ин Бом Хванг, кој со своите фудбалски квалитети направи разлика на теренот, поради што во последниот период беше еден од најдобрите играчи во тимот на Владан Милојевиќ. Тој веќе направи трансфер во Феенорд, а Црвена Звезда експресно ја најде замената.
Изборот падна на Раде Круниќ, за кого се смета дека може да си замине од Фенербахче. Интернационалецот кој настапува за репрезентацијата на Босна и Херцеговина и за тимот на Фенербахче е во првите планови на Жозе Мурињо оваа сезона.
Круниќ мина само три минути на теренот сезонава, и е пред излезна врата од Истанбул. Круниќ неколку пати истакнува дека е фан на Црвена Звезда, и сега може да му се исполни желбата да го облече дресот на „црвено-белите“.
Круниќ во минатото беше дел од Милан, а играше и во Емполи и во Верона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА