Интер го запоседна лидерското место во Серија А, откако во првиот натпревар од 33. коло славеше со 1-3 на гостувањето против Специја.
„Нераѕурите“ без поголеми проблеми дојдоа до трите бода, најавувајќи ја победата уште во 31. минута со прекрасниот погодок на Брозовиќ.
Во второто полувреме, во 73. минута погоди и Мартинез за предност од 0-2, за да домашните со голот на Маџоре во 88. минута успеаја да намалат на 1-2.
Конечните 1-3 за тимот од Милано ги постави Алексис Санчез во четвртата минута од судиското продолжение.
Интер, со најновите три бода, се издвои на врвот со 69 бода, еден повеќе од второпласираниот Милан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА