Интер Мајами им се врати на победите во шампионатот на Соединетите американски држави откако славеше со 2-3 на гостувањето кај Спортинг Кензас Сити во натпревар во кој мрежата одново ја затресе Лионел Меси.
Аргентинскиот ас во 51. минута се погрижи за комплетирање на целосниот пресврт откако неговиот тим губеше со 1-0 и тоа со велемајсторски обид надвор од шестнаестникот за кој противничкиот голман немаше одбрана.
This angle of the Leo Messi goal IS SPECTACULAR
pic.twitter.com/3DgiiN4KYT
— Sara
(@SaraFCBi) April 14, 2024
Покрај Меси, за Интер Мајами мрежата ја тресеа Диего Гомез и Луис Суарез, додека двата гола за Спортинг Кензас Сити ги постигна Ерик Томи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА