„Бомба“ на Олд Трафорд: Од Манчестер Јунајтед почнале контакти со Чави

Поранешниот тренер на Барселона, Чави е најновото име кое се поврзува со клупата на славниот Манчестер Јунајтед, пишува „Дејли Мејл“.

Според медиуми, „црвените ѓаволи“ веќе стапиле во контакт со шпанскиот стратег. Се тврди дека четири лица од раководството на англискиот тим, отпатувале во Барселона на преговори.

Тоа било втор контакт со Чави во изминатите неколку месеци. Во моментов Шпанецот е без ангажман откако си замина од Барселона, откако влезе во спор со претседателот Жоан Лапорта. Самиот тој објасни дека нема намера да се врати на фудбалот во Шпанија, и кажа дека разгледува други опции.

Се вчитува...