Македонскиот ракометен шампион Пелистер и во следната сезона ќе биде дел од Лигата на Шампионите, а за подобро претставување на европската мапа битолчани целат кон комплетирање на квалитетен тим кој овој пат нема да биде само пасивен учесник во елитното натпреварување.
По неколкуте потврдени засилувања на прагот на премин во тимот се наоѓа и Илија Абутовиќ, 35-годишниот српски ракометар со богато искуство и воедно освоена шампионска титула во Лигата на Шампионите и тоа со големиот македонски ривал Вардар, пренесува „Балкан хандбол“.
Арбутовиќ настапуваше за „црвено-црните“ од 2011 до 2018 година и ги освои срцата на навивачите со пожртвуваната игра и голема борбеност, но сега би можел да да ја разочара големата армија навивачи на најтрофејниот македонски клуб.
Тој би се преселил во Битола по истекот на договорот со француски Шарт.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА