Палермо продолжува со добрите резултати во Серија Б „на македонски погон“, па во ситуација кога Илија Несторовски е повреден во победите на сицилијанскиот клуб учествува Александар Трајковски.
Нашиот репрезентативец беше меѓу најдобрите поединци на теренот при победата од 0-3 над Бари, одличната партија крунисувајќи ја со прекрасен погодок за 0-2. Трајковски се најде осамен во срцето на шеснаесетникот, за потоа со силен удар да го матира домашниот голман.
За Трајковски ова е втор гол сезонава во Серија Б, па останува да се види дали добрите игри во последно време ќе помогнат тој да добие поголема минутажа во иднина, или ќе се реализираат најавите за негов трансфер во јануарскиот преоден рок.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА