Мадридски Реал го договорил ангажманот на аргентинскиот напаѓач Мауро Икарди од Галатасарај, пренесуваат турските медиуми.
Како што пишат Турците, трансферот е веќе готова работа а се чека само официјалната потврда. Реал Мадрид од заминувањето на Карим Бензема нема вистинска „деветка“ во својот тим. Во клубот е Жоселу, кој игра добро, но е далеку од класата која му е потребна на кралскиот тим.
Нападот на „кралевите“ од јануари треба да биде засилен со 30-годишниот Мауро Икарди кој веќе ги договорил условите со Реал. Во Мадрид ќе заработува осум милиони евра годишно, плус дополнителните бонуси.
Икарди сезонава игра одлично во дресот на Галатасарај. На 25 натпревари има 17 гола и шест асистенции. Минатата сезона како позајмен играч од ПСЖ исто така беше феноменалане одведувајќи го Галатасарај до шампионската титула во Турција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

