Мохамед Бин Салман е новиот сопственик на англискиот премиерлигаш Њукасл, а сопственикот од Саудиска Арабија е подготвен да вложи неверојатна сума на пари како би го вратил тимот на старите патеки.
Салман ќе вложи 240 милиони фунти како би го довел двоецот од Барселона Антоан Гризман и Фелипе Кутињо. Антоан Гризман има солидна сезона во каталонскиот клуб, додека Бразилецот по очајниот старт на „Камп ноу“ беше испратен на позајмица во Баерн Минхен.
Барселона сака во своите редови да го врати Нејмар, што значи дека ќе мора да се откажат од услугите на овие двајца фудбалери.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

