Откако Челси сезонава не игра како што посакува и не бележи резултати согласно вложувањата, од лондонските сини веќе сериозно размислуваат за смена на Маурисио Покетино од тренерското место.
Во Англија се се погласни шпекулациите за враќање на добро познато лице на „Стемфорд Бриџ“. Станува збор за актуелниот менаџер на Рома, Жозе Мурињо.
Сосема е извесно дека за Мурињо оваа сесзона ќе биде последна на клупата на „волчицата“ поради се поголемиот интерес од големите клубови кон него, но и поради истекот на договорот кој му е до јуни 2024 година.
Мурињо во два наврати беше тренер на Челси. Првиот пат од 2004 до 2007 година, а потоа од 2013 година до 2015. Во меѓувреме работеше во Интер. Реал Мадрид, а по вториот мандат ги водеше и Манчестер Јунајтед, Тотенхем, а сега Рома.
🚨 Foi dito que José Mourinho gostaria da chance de trabalhar no Chelsea novamente, e os proprietários estão cientes disso e mantiveram discussões quando assumiram o clube pela primeira vez, há 18 meses.
(Via @Darko_DarkerGst) pic.twitter.com/s9yUlBe09t
— Nação Blue 🦁💙 (@nacaoblue_) December 8, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА