„Бомба“ од Англија: Нејмар ќе биде замената на Роналдо во Јунајтед!?

Манчестер Јунајтед очигледно останува без Кристијано Роналдо во новата претстојна сезона, па „црвените ѓаволи“ веќе сериозно ја разгледуваат можноста да го привлечат вниманието на напаѓачот на ПСЖ, Нејмар, кој треба да биде замена за Португалецот.

Иднината на Нејмар во ПСЖ е неизвесна бидејќи францускиот клуб се обидува да се ослободи од Бразилецот, па Англија и Јунајтед би биле идеална алтернатива за фудбалерот на Бразил, пренесуваат медиумите на Островот.

Самиот напаѓач во неколку наврати изјави дека сака да остане на „Паркот на принцовите“, но се предомислил по неодамнешното интервју на претседателот на клубот Насер Ал-Хелаифи, кој избегна да одговори дали Бразилецот ќе биде важен за тимот и во иднина.

Така, Манчестер Јунајтед може да ја искористи ситуацијата и да достави понуда за Нејмар до крајот на преодниот рок. Во вторникот челниците на Јунајтед имаа средба со Роналдо, но се чини дека таа не завршила позитивно, а фудбалерот уште еднаш изјавил дека сака да си замине. Португалецот го пропушти претсезонскиот тренинг во Австралија и продолжува да тренира индивидуално, што е јасен знак за неговите идни намери.

Се вчитува...