„Бомба“ од Англија: Њукасл подготвува 240 милиони евра за Нејмар

Шпанските и англиските медиуми пишуваат дека Њукасл размислува во летниот преоден рок размислува да се обиде да го ангажира бразилската ѕвезда Нејмар. Бразилскиот репрезентативец е незадоволен од Париз, и се погласни се шпекулациите дека ќе си замине. Шанса за вакво нешто гледаат богатите газди на Њукасл кои ќе се обидат со 240 милиони евра да го доведат еден од најдобрите фудбалери на денешницата.

Ако тоа се оствари, тоа ќе биде рекорден трансфер. На лето 2017 година, Нејмар за 222 милиони евра од Барселона се пресели во ПСЖ.

На сопствениците на ПСЖ, платата од 595.000 евра неделно нема да биде проблем. Нејмар оваа сезона има само пет гола во 20 натпревари.

Се вчитува...