Речиси секој месец се шпекулира за нов клуб на Зинедин Зидан. Од враќање во Реал Мадрид, до клупата на Франција, па сега на Алжир, па преземање на Манчестер Јунајтед, но популарниот Зи-Зу и натаму е без ангажман.
До сега во кариерата го водеше само Реал Мадрид. Остави неверојатна трага во овој клуб, освои три трофеи во Лигата на шампионите. Вториот мандат на клупата на „кралевите“ го заврши пред две години, и од тогш е без работа.
Во последно време беше баран од селекцијата на Алжир, но се заблагодари на понудата, порачувајќи дека се подготвува за нешто големо.
Неговиот голем пријател Криштоф Дугари откри дека Зидан наскоро се враќа на голема врата.
„Го сака Алжир, тој многу работи за оваа земја, но јас го разбирам. Срцето му е со Алжир, но реалноста е сосема поинаква. Тој подготвува нешто големо, има други амбиции“, рече Дугари.
Според најавите од Англија, Зинедин Зидан оди во Ливерпул на завршни преговори со челниците на „црвените“ за преземање на овој клуб од идната сезона. Зидан е една од варијантите да го замени Јирген Клоп, кој пред неколку дена најави дека заминува по крајот на сезоната.
Освен Зидан, за клупата на Ливерпул се споменуваат Чаби Алонсо и Роберто де Зерби.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА