Тренерот на Панатинаикос, Ергин Атаман потврди дека нов кошаркар на клубот од Атина е македонскиот репрезентативец Ти Џеј Шортс.
По импресивната сезона во која го одведе Париз во плеј-офот од Евролигата, атинските „зелени“ решија да го доведат одличниот плејмејкер.
„Да, го донесовме Шорц, имаше одлична сезона, Василије Мициќ сака да се врати во Европа, но не можеме да го донесеме. Лоренцо Браун има уште една година од договорот, но не знам дали сака да остане. Не можеме да му ја дадеме минутажата што ја сака. Не сме ни сигурни како Матијас Лесорт ќе се снајде по повредата и дали може да биде на нивото на кое беше. Затоа бараме резервен центар…“, изјави Атаман.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

