„Бомба“ од Белград – Црвена Звезда ја продаде најголемата ѕвезда за 10 милиони евра

Сенегалецот Шериф Ндиаје ќе ја напушти Црвена Звезда по натпреварите од плејофот на Лигата на шампионите против кипарски Пафос. 29-годишниот напаѓач ќе ја продолжи кариерата во Ал Џазира од ОАЕ.

Звездан Терзиќ реализира извонреден трансфер, па црвено-белиот тим ќе инкасира дури 10 милиони евра од продажбата на својата ѕвезда.

Ндијаје ќе му помогне на тимот во најважните натпревари од сезоната против кипарски Пафос, а потоа ќе патува за Емирати.

Шериф Ндиаје пристигна во Белград во септември 2023 година од турскиот Адана Демирспор за четири милиони евра. Неговото доаѓање не беше дочекано со ентузијазам кај навивачите на српскиот шампион. Сепак, две години подоцна, Сенегалецот е омилен кај навивачите. Тој стана голема ѕвезда, а во 86 натпревари постигна 39 гола и 11 асистенции.

Сенегалскиот напаѓач во својата досегашна кариера играше и за турски Гезтепе, хрватска Горица, кинески Шангај Порт и белгиски Беверен. Има и пет настапи за селекцијата на Сенегал.

Ова лето, Црвена Звезда го продаде и Андрија Максимовиќ за 14 милиони евра, а Лазар Јовановиќ, Страхиња Стојковиќ, Ебенезер Анан, Лука Илиќ, Далчио, Канга, Милан Родиќ го напуштија клубот…

Се вчитува...