Црвена звезда би сакала во своите редови да го доведе Василиј Мициќ. Како што дознаваат српските медиуми, Црвена звезда е во преговори со Василије Мициќ.
Актуелниот кошаркар на Шарлот Хорнетс се уште е под НБА договор со тимот од Северна Каролина, а според нивните информации Мициќ е блиску до враќање во Европа, а со тоа и во Црвена звезда.
Мициќ, како што беше споменато, е под договор со Шарлот Хорнетс до крајот на сезоната 2025/26, но не добива голема минутажа и неколку пати се зборуваше дека наскоро би можел да го напушти тимот.
Се уште не се знае кога Мициќ ќе ја заврши својата НБА епизода и дали ќе го заврши договорот…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

