„Бомба“ од Блискиот исток: Зидан го менува Манчини на клупата на Саудиска Арабија!?

Најплатениот селектор на светот, Роберто Манчини се наоѓа пред отказ во репрезентацијата на Саудиска Арабија поради лошите резултати кои ги бележат неговите избраници во квалификциите за Светското првенство во 2026 година.

Манчини се наоѓа пред отказ, а веќе се шпекулира и со неговата замена. Последните информации од Италија и Франција се навистина бомбастични бидејќи Италијанецот би можел да го наследи легендарниот Зинедин Зиган.

Зидан е без ангажман од 2021 година кога си замина од клупата на Реал Мадрид. Оттогаш одбива понуди да превземе разни европски клубови, а дали ќе биде ист случајот и со богатите Арапи останува да видиме.

Се вчитува...