„Бомба“ од Ел-Еј: Леброн Џејмс во 2018 доаѓа во Лејкерси

Кливленд ова лето остана без Кајри Ирвинг, кој се пресели во Бостон, но тоа можеби и нема да биде најлошата вест за фановите на Кливленд. Од Америка доаѓа нова „бомба“, дека Леброн Џејмс во 2018 година ќе се пресели во ЛА лејкерс. Иако за ова се шпекулира подолг период, сега конечно е потврдени и во написот на угледниот новинар и колумнист на „ЕСПН“, Питер Векси.

„Неколку месеци наназад медиумите говорат за заминувањето на Леброн. Сакам да ги прекинам сите шекулации и со голема сигурност можам да кажам дека Леброн ќе го напушти Кливленд и стане нов член на Лос Анџелес лејкерс, клубот на кој сака му го врати некогашниот статус на најдобар во лигата“, напиша Векси.

Овој новинар спаѓа меѓу изворите на кои навистина им се верува во Америка во светот на кошарката.

 

Се вчитува...