Олимпијакос игра одлично сезонава и атакува на нова европска круна, но грчкиот гигант паралелно со тоа го формира и ростерот за наредната сезона.
Веќе беа потпишани договори со неколку важни играчи од актуелната екипа, а грчките медиуми најавуваат дека „црвено-белите“ го договориле и првото големо засилување. Станува збор за Кинан Еванс, Американецот кој сезонава игра во извонредна форма во дресот на Жалгирис, оставајќи ја зад себе тешката повреда на коленото што ја заработи миантата сезона.
Еванс има просек од 17,3 поени и 3,9 асистенции по натпревар, за неговите услуги се интересираа и Фенербахче и Барселона, но грчкиот весник „Live Sport” тврди дека неговиот трансфер во Олимпијакос е целосно договорен, двогодишен договор вреден 1,8 милиони евра по сезона.
Челниците на Олимпијакос ја демантираа информацијата тврдејќи дека се насочени само кон случувањата на теренот, а не на трансферите, но медиумите тврдат дека транферот е финализиран, но нема да се официјализира до крајот на оваа сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА