Американскиот кошаркар Патрик Беверли официјално стана нов играч на солунски ПАОК. Искусниот кошаркар (37) ќе игра за црно-белите до крајот на сезоната, објави грчкиот клуб.
Беверли играше во НБА 11 години, одигра 737 натпревари, а ќе работи со Јуре Здовц кој е тренер на солунскиот клуб по втор пат во кариерата. Тие веќе соработуваа во Спартак од Санкт Петербург во периодот од 2011 до 2013 година.
Трансферот на Беверли чинеше 600.000 евра и е предвесник на подобри денови за тимот што неодамна го презеде милијардерот Талис Мистакидис. Последниот ангажман на Беверли беше во Хапоел, кој го напушти во февруари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

