Познатиот италијански фудбалер, а сега тренер, Џенаро Гатузо е новиот шеф на стручниот штаб на сплитски Хајдук. Информацијата на официјалниот сајт ја потврдија од клубот од „Пољуд“.
Последниот ангажман на Гатузо беше во француски Марсеј, каде доби отказ по 24 натпревари на клупата. Претходно беше тренер на Сион, Милан, Наполи, Палермо, Валенсија. Гатузо ќе биде тренер и на нашиот интернационалец Александар Трајковски кој е дел од клубот од Сплит.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА