Динамо Загреб го тресе огромна криза оваа натпреварувачка сезона, а раководните луѓе на клубот имаат идеален план за излез од истата – за прв човек именувајќи го Звонимир Бобан.
Легендата на хрватскиот фудбал е без ангажман откако ја напушти функцијата во УЕФА каде со години беше десна рака на Александар Чеферин, а според информациите од Хрватска Бобан начелно прифатил да се врати на чело на Динамо Загреб. Се уште не се обелоденува точната функција што Бобан ќе ја има на „Максимир“ (се шпекулира со улогата на претседател), но тој инсистира да има моќ на одлучување за клучните работи (тренер и засилувања на пазарот), за што начелно добил зелено светло.
Динамо Загреб се уште не го именува новиот спортски директор, според последните информации се чека доаѓањето на Бобан за новиот оперативец да биде избор токму на Звонимир Бобан.
Како што пишува „Јутарњи лист“, вчерашниот состанок минал максимално позитивно и се очекува во следниот период да биде постигнат целосен договор, за Бобан да го комплетира својот камбек во Динамо Загреб, клуб за кој настапуваше како играч од 1985 до 1991 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА