Бомбастична вест доаѓа од Италија, поврзана со македонската репрезентација. Напаѓачот Бојан Миовски е следна цел на римскиот гигант Лацио. Сегашниот фудбалер на Абердин го сврте вниманието кон себе со одличните партии изминатата есен во шкотскиот шампионат. Пред неколку дена постигна гол против Глазгов Ренџерс, но неговиот тим не успеа да обезбеди финале на Купот на Шкотска.
Лацио би можел за мали пари да има напаѓач кој може да биде од голема корист, се наведува во написот на „Калчолајн“ кој може да го прочитате на следниот ЛИНК.
Доколку би се остварил, ова би бил сензационален трансфер на еден од најдобрите македонски фудбалери во моментов. Миовски беше „мета“ и на некои други клубови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА