„Бомба“ од Лапорта: Суперлигата е само почеток, јас сум и за Супер Светско првенство!

Барселона е меѓу 12-те клуба кои го организираат новото натпреварување, Суперлига, што предизвика жестоки реакции во фудбалскиот свет. Суперлигата го најде и главниот финансиер. Американска инвестициска банка им вети на сите клубови основачи дека ќе добијат 350 милиони, а комплетниот проект вреди 3,5 милијарди евра.

Жоан Лапорта го даде и својот прв коментар за формирањето на Суперлигата. Претседателот на Барселона рече дека во основа сè е прашање на пари.

„Сето тоа е прашање на пари. Беше потребно да се размисли што е фудбал, што значи тој и што е основа и која е суштината на овој спорт. Треба да размислиме за други алтернативи”, рече Лапорта.

Претседателот на Барса не застана тука и веќе размислува за реализирање на Супер Светско првенство, слично на турнирот за национални тимови.

„Суперлигата е опција, но има и други решенија, како што е Супер Светското првенство. Јас сум повеќе за тоа натпреварување отколку за Суперлигата”, рече тој.

Во секој случај, утрово Барселона на својата официјална веб-страница потврди дека е еден од основачите на Суперлигата, која ќе ја сочинуваат вкупно 20 клуба.

 

 

 

 

 

Форматот на натпреварот е исто така познат. Вкупно 20 клуба ќе бидат поделени во две групи. По групната фаза, трите првопласирани екипи одат директно во четвртфиналето. Четвртиот и петтиот од секоја група ќе игра плејоф за четвртфиналето. Откако ќе бидат познати сите четвртфиналисти, ќе се играат полуфиналиња, по што ќе следат финалињата на неутрален терен.

Покрај Барселона, меѓу 12-те бунтовници се и Милан, Арсенал, Атлетико Мадрид, Челси, Интер, Јувентус, Ливерпул, Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити, Реал Мадрид и Тотенхем.

Се вчитува...