Реал Мадрид бара замена за повредениот Винисиус Жуниор, кој ќе биде надвор од терените два месеци поради повреда. Крилниот напаѓач играјќи за Бразил во квалификациите за Светското првенство, па „кралевите“ ќе мора да бидат без него два месеци.
„Тутоспорт“ од Италија пишува дека една од опциите за замена е Мауро Икарди. Меѓутоа напаѓачот на Галатасарај игра во извонредна форма во турскиот тим, и тешко е да се верува дека Галата ќе го пушти под 15 милиони евра. Оваа сезона постигна 15 гола во 20 натпревари.
Шпански „Спорт“ пишува дека опција е и напаѓачот на Лајпциг Тимо Вернер. Наводно на Реал Мадрид му се понудил и Кристијано Роналдо, кој би можел да направи „кам-бек“ во клубот во кој доживеа најголема афирмација. Иако е тешко остварливо, сепак, тоа може да се случи само со позајмица до крајот на сезоната.
Наводно Португалецот самиот се понудил да биде замена за Винисиус, но тешко дека Реал Мадрид ќе се реши на ваков чекор, со оглед на тоа како го напушти „кралскиот клуб“ и замина во Јувентус.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

