Бомба од Мадрид: Роналдо се враќа во Реал!?

Незадоволен од резултатскиот ефект на Јувентус низ актуелната сезона во која „Старата дама“ уште во осминафиналето испадна од Лигата на шампионите, а се поизвесено е и дека ќе остане без Скудетото во Италија, Кристијано Роналдо на крајот од сезоната би можел да го напушти Јуве.

Бомба синоќа активираше новинарот Жозе Педрерол откривајќи дека агентот Хорхе Мендеш е во преговори со Реал за враќање на Роналдо на „Сантијаго Бернабеу“.

Роналдо не се раздели на убав начин со Флорентино Перез, поради што би можел да пропадне неговиот обид за враќање, но останува фактот дека Португалецот е секогаш добредојден во Мадрид.

Пречка за враќањето на Роналдо може да биде и фактот дека Перез планира да создаде сосема нови „кралеви“, во прв план со младите суперѕвезди Килијан Мбапе и Ерлинг Халанд.

Се вчитува...