„Бомба“ од Милано: Конте го напушта Интер во следните 48 часа

Антонио Конте донесе скудето во Интер по цели 11 години пауза, но трофејниот стручњак сега е подготвен да си замине од кормилото на „нероаѕурите“, поднесувајќи оставка од функцијата. Весникот „Газета дело спорт“ тврди дека одлуката е веќе донесена, а Конте ќе ја официјализира во наредните 48 часа, откако кинескиот газда Стивен Жанг не успеал да го убеди тренерот да остане упорно инсистирајќи дека буџетот мора да биде намален.

Планот на газдите на италијанскиот првак е дека мора да бидат продадени фудбалери во вредност од најмалку 80 милиони евра, што би значело заминување на најмалку еден од стандардните првотимци во клубот. Ставот на Конте е јасен, тимот не само што не смее да биде ослабен, туку треба да бидат доведени и нови засилувања, а откако на стратегот му станало јасно дека тоа нема да биде возможно, решил да ја заврши својата двогодишна авантура на чело на „нероаѕурите“.

Тој поради конфликт со управата на сличен начин си замина и од Јувентус, јасно ставајќи до знаење дека принципите му се поважни од платата, па сега се очекува истото да го стори и како предводник на Интер.

Масимилијано Алегри е желба на директорот Марота, но овој стручњак е главен фаворит за нов тренер на Реал, се споменува и како опција за Јувентус, па Интер со намален буџет тешко дека ќе успее да го убеди на преселба во Милано.

Се вчитува...