Симоне Инзаги и Интер и дефинитивно не се во комбинација за освојување на шампионската титула. Инзаги дојде со цел да ја одбрани титулата, но во тоа не успеа лани, а нема да успее да го освои Скудетото ниту во оваа сезона, со оглед дека Наполи е веќе далеку напред пред „нероазурите“.
Токму од тука Интер веќе почнува да размислува на смена, а „бомбастични“ најави доаѓаат од Милано. А тоа е дека Интер се вклучил во трката за тренерот на Рома, Жозе Мурињо.
Мурињо е милиеник на навивачите на Интер, со оглед дека во својата последна сезона во 2010 година, успеа да ја освои тројната круна, што фановите секако не му го забораваат овој голем успех. Мурињо во тимот направи голема хемија, а токму тоа беше пресудно да се дојде до трите трофеи. Потоа Мурињо замина во Реал Мадрид, па во Манчестер Јунајтед, па потоа во Тотенхем, за сега да ја води Рома, ни никаде не направи таков успех каков што направи во Интер.
Оваа информација сигурно би ја израдувала и публиката на Интер која од срце посакува Португалецот да се врати на „Меаца“.
Inter Milan have reportedly joined PSG and potentially Chelsea and Real Madrid in the ‘race’ for José Mourinho [@Repubblica].
Crazy how so many of the biggest clubs in the world are all going after the same coach, José has his clout back🐐 pic.twitter.com/Q2mTDnV0sx
— IM🇵🇹 (@Iconic_Mourinho) February 21, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА