Најголемиот трејд ова лето во НБА лигата го направија екипите на Минесота и Њујорк. Волфс во Никс го праќаат Карл Ентони Таунс, а за возврат ги добиваат Џулиус Ренлд, Донте Дивинчензо и првиот пик на драфтот.
Њујорк веќе подолго време беше во потрага по квалитетен центар, а изборот падна на Таунс кој изминатата сезона бележеше просек од 21.8 поени и 8.3 скокови покрај Гобер.
Минесота пак во следната сезона ќе има класичен крилен центар во името на Рендл кој одигра 46 натпревари минатата сезона бележејќи 24 поени, 9.2 скокови и 5 асистенции во просек. Покрај тоа се засили и на позицијата бек шутер со одличниот Дивинчензо кој постигнуваше 15.5 поени во просек со 40 отстотна реализација.
Knicks have acquired Karl-Anthony Towns from Minnesota for Julius Randle, Donte DiVincenzo and a first-round pick via Detroit, sources tell me and @JonKrawczynski. pic.twitter.com/FafQlY48Y1
— Shams Charania (@ShamsCharania) September 28, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА