Пеп Гвардиола после девет години ќе го напушти тимот на Манчестер Сити. Шпанецот е во Сити од 2016 година, и кога ќе му истече договорот, истиот нема да го продолжи, тврдат шпанските медиуми.
До сега освои пет титули шампион на Англија, два ФА Купа, четири Лига Купа и еден трофеј во Лигата на шампионите, а ги освои и УЕФА Супер Купот, ФИФА клупското светско првенство.
„Сити размислува за иднина без Гвардиола. Сите се песимисти дека ќе го продолжи договорот кој истекува 2025 година“, се наведува во порталот „Релево“ од Мадрид.
Многу кандидати се споменуваат за негова замена. Меѓу нив и Мичел Санчез, екс тренерот на Рајо Валјекано, кој го донесе Столе Димитриевски во овој тим. Меѓу кандидатите се и Роберто де Зерби и тренерот на Тотенхем, Анге Постекоглу.
Мичел во моментов е тренер на Жирона, тим кој е изненадување во Шпанија, и важи за тим кој е од „исто семејство“ со Манчестер Сити, односно популарната „Сити група“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА