Капитенот на Реал Мадрид и шпанската репрезентација, Серхио Рамос, има големи шанси да го засили Манчестер Сити, кој според „ЕСПН“ е подготвен да му понуди двегодишен договор. На Рамос му преостанува помалку од еден месец до истекот на тековниот договор со кралскиот клуб, па останува да се прецизира соработката меѓу двете страни.
Актуелниот вицешампион на Европа и англиски шампион, кој пред два дена остана без важен трофеј, ги гледа своите шанси во летниот фудбалски пазар.
Според „ЕСПН“, Сити е подготвен да му понуди двегодишен договор на Рамос, со веројатно подобри услови отколку што Реал би му ги дал, бидејќи тој доаѓа како слободен агент. Истиот извор наведува дека не е исклучена опцијата за продолжување на уште една година или заминување во Њујорк, кој е партнер клуб на англискиот шампион.
На потег е Реал Мадрид, кој би сакал да ја обнови соработката со фудбалерот, но сепак има несогласувања околу должината на новиот договор, што е логично ако се знае дека Рамос ја гази четвртата деценија од животот. Рубен Дијаз и Џон Стоунс во саботата играа во финалето на Лигата на шампионите како стопери на Сити, а по враќањето на Ерик Гарсија во Барселона, јасно е дека приоритет е доаѓањето на третиот стопер, особено што има навестувања за разделба со Емерик Лапорт.
За потсетување, Рамос ретко добиваше шанса оваа сезона поради проблеми со повреди.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА