Фудбалската бомба која е најавувана со месеци е активирана. Сопствениците на ПСЖ продадоа малцински пакет на акциите на американски инвеститори за повеќе од пола милијарда евра.
Катар Спортс Инвестмент кој во своја сопственост го држи парискиот клуб, се одлучи после 10 години самоуверено владеење, да отвори врата на потенцијални партнери. Одлуката паднала на американските бизнисмени собрани околу платформата за приватен капитен Арктос Партнерс.
ПСЖ потврди дека американските инвеститори купија 12,5% од акциите. Иако финансиските детали официјално не се откриени, „Л’Екип“ пренесува дека пакетот изнесувал нешто повеќе од 530 милиони евра. Вредноста на клубот е проценета на 4,3 милијарди евра.
„Партнерството е формирано на база на планот на ПСЖ кој глобален раст, што со собе носи фудбалски и комерцијален успех“, рече првиот човек на клубот, Насер Ал Келаифи.
Од клубот објаснето е дека влезот на американски капитал треба да го однесе функционирањето на клубот на повисоко ниво, капитален развој, но и доажање на финансиски, економски и спортски експерти.
Порано Келаифи најави дека е во преговори со неколку заинтересирани страни за продажба на пакет акции за околу 15%.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА