Вистинска „трансфер-бомба“ за јуни следната година во Реал Мадрид, најавуваат англиските медиуми.
„Кралскиот клуб“ има сериозни проблеми во одбраната па токму затоа желбата е да биде ангажиран Вирџил Ван Дајк од Ливерпул.
Ван Дајк има договор токму до јуни 2025 со тимот од „Енфилд“, па Реал сака да го искористи тоа за негов ангажман.
Медиумите од Островот пренесуваат дека Ван Дајк веќе постигнал договор со гигантот од Мадрид, а се очекува трансферот да биде потврден од крајот на годината.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА