После пет месеци во трансфер кој беше најавен како неочекуван и изненадувачки, со оглед дека имаше понуди од големите европски клубови, Сергеј Милинковиќ-Савиќ праќа „сигнали“ за враќање во Лацио.
Српскиот играч од средниот ред беше на натпреварот помеѓу Лацио и Интер во Супер-Купот кој се играше во Саудиска Арабија, а после мечот им пирзна на новинарите дека му недостасува Лацио.
„Нормално е да ми недостасува Лацио после толку години поминати таму. Се гледам со соиграчите, разговараме, се потсеќаме на минатото“, изјави Милинковиќ-Савиќ.
Инаку Србинот имал средба со првиот човек на клубот Клаудио Лотито, и со тренерот Маурицио Сари, и наводно разговарале за негов можен кам-бек и најавил дека сака да се врати во клубот во кој мина осум години.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА