„Бомба“ од САД: ЛА Лејкерс продадени за 10 милијарди долари!

Лос Анџелес лејкерс наскоро ќе добие нови главни сопственици откако семејството Бас кое четири децении раководи со „езерџиите“ реши да ја прифати понудата да го продаде контролниот пакет на акции што ги поседува во клубот.

Нов сопственик на ЛА Лејкерс ќе биде Марк Волтер, мултимилијардерот кој има малцински број на акции во премиерлигашот Челси, во ВНБА тимот Лос Анџелес спаркс, а воедно е и прв човек на бејзбол тимот Лос Анџелес доџерс. Тој и досега беше дел од ко-сопственичката структура во ЛА Лејкерс поседувајќи 26% од вкупните акции, во изминатите години неколку пати се обидуваше да стане прв човек на овој НБА-гигант, за на крајот да успее во својата намера.

Американските медиуми јавуваат дека вкупната вредност на купопродажбата ќе изнесува 10 милијарди долари, што е апсолутен рекорд во светот за еден спортски колектив.

Џери Бас во 1979 година го купи овој клуб за 67,5 милиони долари, а по неговата смрт со клубот раководеше ќерката Џини Бас, која би требао да задржи и 15% од акциите по рекордната трансакција.

Се вчитува...