Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски е трансферна цел на Барселона за зимскиот преоден рок, пренесе популарната шпанска емисија „Ел Чирингито“.
Според Шпанците, Барселона е силно загреана за ангажман на 27-годишниот македонски голман кој има феноменална година во дресот на Рајо Ваљекано и македонската репрезентација.
Согласно најавите, каталонскиот тим подготвува понуда за Рајо Ваљекано уште оваа зима. Барселона го посакува Димитриевски како замена за Нето, а во тимот секако останува Марк Андре Тер-Штеген.
🚨EXCLUSIVA de @10JoseAlvarez 🚨
💣”El BARÇA quiere FICHAR a DIMITRIEVSKI en enero”
‼️”Él está ahora en BARCELONA” #ChiringuitoBarcelona pic.twitter.com/f519lSQSPU
— El Chiringuito TV (@elchiringuitotv) December 24, 2021
Димитриевски има долгорочен договор со Рајо до 2024 година, но од клубот немаат ништо против за ослободување на македонскиот голман доколку пристигне добра понуда.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

