БОМБА од Шпанија: Барселона тргнува по потписот на миленикот на Гвардиола

Барселона летниот преоден рок ќе го искористи за засилување на проблематичната одбрана во која не може со сигурност да смета на услугите на Роналд Арахуо. Со таа цел 2026 година ќе донесе спектакуларно засилување на „Камп Ноу“, очекувано во името на Јошко Гвардиол.

Хрватскиот стопер кој е голем миленик на Пеп Гвардиола пристигна во Манчестер Сити пред две и пол години во сензационален трансфер вреден 90 милиони евра од Лајпциг, трансфер кој го надина рекордот кога станува збор за засилување во одбраната.

Тој веднаш се наметна во составот на Гвардиола прикажувајќи фантастични настапи со кои веднаш ги освои срцата на навивачите на „граѓаните“, а и го привлече вниманието на Барселона.

Каталонците во 23-годишникот гледаат како перфектно засилување. Искусен и проверен фудбалер кој се уште го нема постигнато потполниот потенцијал, а со оглед на годините тој ќе биде и засилување за долги стази.

Се вчитува...