Бомба од Шпанија – Бејл утре потпишува со кинескиот Џиангсу

Ѕвездата на Реал Мадрид Герет Бејл е пред потпис со кинескиот Џиангсу Сунинг, пренесува шпанска Марка.

Како што пренесува Марка, останува само уште двата тима да се договорот околу деталите. Велшанинот ќе потпише тригодишен договор со кој за една сезона ќе заработува 22 милиони евра. Со договорот Бејл ќе стане најскапо платен фудбалер во светот.

Бејл во Реал Мадрид пристигна во 2013 година од редовите на Тотенхем за сума од 100 милиони евра, што во тој момент беше најскап трансфер во историјата на фудбалот. Тој со „кралевите“ освои четири титули во Лигата на шампионите, но поради лошите односи со Зинедин Зидан ќе мора да го напушти „Сантијаго Бернабе“.

Се вчитува...