„Бомба“ од Шпанија: Челси подготвува 80 милиони евра за ѕвездата на Атлетико

Актуелниот англиски првак, екипата на Челси подготвува вртоглава понуда од 80 милиони евра за ѕвездата на Атлетико Мадрид, Саул Нигез, пренесуваат шпанските медиуми. „Сините“ во изминатиот преоден рок не се засилија во средниот ред според плановите, па по наредба на италијанскиот стратег Антонио Конте, раководството ќе издвои огромна сума за квалитетите на шпанскиот репрезентативец, а по неговиот потпис ќе атакуваат дури следното лето.

Не е тајна дека Конте е „заљубен“ оргранизаторот на игра на „јорганџиите“, се шпекулираше дека Челси и во претходниот летен трансфер период се обидувале да го ангажираат овој фудбалер, но Саул ја продолжи соработката со Атлетико, а во новиот договор доби астрономска клаузула од 150 милиони евра, со цел да го заштитат играчот од европските „ѕверки“.

Управата на шпанскиот гигант е убедена дека Саул нема да замине од клубот дури и да пристигне понуда висока колку клаузулата, бидејќи верноста кон Атлетико од самиот фудбалер е повеќе од очигледна. Сал наводно во минатото ги одбил Барселона, па мала е веројатноста дека Атлетико би го напуштил токму за Челси.

  

Се вчитува...