Украинскиот голман Андриј Лунин нема да го продолжи договоро со Реал Мадрид следната сезона, бидејќи му здодеало да биде во сенка на Тибо Куртоа каде во последните три сезони одигра едвај 1.590 минути, од кои оваа сезона имаше 1.080, најмногу поради разни повреди на Белгиецот.
„Кралскиот клуб“ веќе ја бара неговата замена, а како едно од имињата кое се споменува со преселба на „Сантијаго Бернабеу“ е македонскиот голман Столе Димитриевски.
Како прва опција се споменува Давид Сорија од Хетафе, но доколку Карло Анчелоти не успеа да го доведе во својот тим, следен на листата е Столе Димитриевски.
На Македонецот од Рајо му завршува договорот во 2024 година, што значително ќе му ја намали цената, а сезонава уште еднаш покажа дека е меѓу најдобрите голмани во Шпанија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА