Шпекулациите околу доаѓањето на легендарниот Мауро Герман Каморанези во Словенија се вистинити. Светскиот шампион од 2006 година ќе го води клубот на Табор Сежане со кого потпиша договор до 2021 година.
Каморанези тренерската кариера ја почна пред пет години. Досега работеше во клубови во Мексико и Аргентина.
„Добредојде Мауро“, стои во соопштението од клубот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА