Бомба од Србија: Сопствениците на Ал Наср го купуваат Партизан?

Почна процесот на рехабилитација на еден од најголемите фудбалски клубови на Балканот, Партизан, но се уште има многу проблеми, па затоа ќе треба време да се врати клубот на славните патеки.

Како голем плус за тимот од Белград е тоа што дел од медиумите од Србија шпекулираат дека Партизан може да биде купен од  фондот на Саудиска Арабија, ПИФ кој последните години има огромни вложувањ во фудбалот.

На социјалните мрежи се појави видео со кое се најавува купување на Партизан од Саудијците иако на сите во Србија им е јасно дека тоа не е баш лесно изводливо. Фондот ПИФ, меѓу другото, е сопственик на Ал Наср чиј член е Кристијано Роналдо, како и на премиерлигашот Њукасл.

Се вчитува...