Еден од најдобрите италијански дефанзивци на сите времиња, и еден од најдобрите фудбалери во изминатите 15 години Џорџо Кјелини, пред неколку дена одлучи да стави крај на кариерата.
Имаше Италијанецот договор со Лос Анџелес до крајот на годината, и се одлучи да стави крај после последниот натпревар кој неговиот тим го играше во финалето во плеј-офот против Колумбус Кру.
Откако ја напушти репрезентацијата на Италија, Кјелини минатото лето потпиша за Лос Анџелес како слободен агент, после 17 години минати во Јувентус. Сега би можел да се врати во тој клуб, и тоа како еден од функционерите на оој тим.
Кјелини веќе имал договор со Јувентус и ќе има улога во управувачката структура. Па така само една година по заминувањето од Торино, тој ќе се врати во Јувентус и ќе помогне на „Старата дама“ да се врати на шампионските патеки.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА