„Бомба“ – Од Торино преку Минхен до Милано!

Навивачите на Милан ќе имаат причина на задоволство по најновите информации кои пристигнуваат на Апенинскиот полуостров, поврзани со трансфер-плановите на лидерот на табелата. Имено, Паоло Малдини е во преговори за доведување на Даглас Коста, кој во моментов е на позајмица во Баерн Минхен, но не се прослави во својата втора етапа во германскиот состав.

Актуелниот шампион на Германија нема намера да го задржи Бразилецот во своите редови, а како што пренесуваат медиумите од „Чизмата“, Коста веќе ја прифатил понудата да се пресели во редовите на „црвено-црните“, а единствениот проблем кој може да се јави е во неговата голема плата.

Доколку 30-годишниот крилен играч се пресели во Милан во прашање ќе биде позајмица со можност за откупување на крајот на сезоната, но постои и опција продажбата на играчот да биде автоматски активирана, доколку бразилскиот интернационалец одигра одреден број на натпревари и исполни одредени услови поврзани со бројот на голови и асистенции.

Се вчитува...